(ВИДЕО) Јакимовски: Поставив стража да не дојде Соте да се слика и со мене

Градоначалникот на Карпош и кандидат за нов мандат Стевчо Јакимовски синоќа на социјалните мрежи преку видео реагираше на објавената фотогафија каде заедно се кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Сотир Лукровски и кандидатката на СДСМ Маја Манолева.
„Очајот нема крај, бурето нема дно. Мицко и Соте се во страшен очај. Јас во моментов сум во една кафеана и поставив стража. Немој случајно да дојде (Лукровски) и со мене да се слика па да кажува дека и од мене има поддршка“ вели Јакимовски во видеото.

Кандидатот за градоначалник на Општина Карпош од владејачката ВМРО-ДПМНЕ, Сотир Лукровски, синоќа на социјалната мрежа Фејсбук објави фотографија со кандидатката за градоначалник за истата општина од Социјалдемократскиот сојуз (СДСМ), Маја Мојсова-Мијовска, која не влезе во вториот круг.

Еден час по објавата на Лукровски, СДСМ демантираше дека му даваат поддршка на Лукровски во вториот круг.

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close