Тешко повредено 12-годишно дете во автобус на ЈСП, возачот нагло закочил

Дванаесетгодишно дете се здобило со тешки повреди во автобус на ЈСП откако возачот закочил нагло.
Според информациите на МВР, вчера во 19:00 часот во СВР Скопје, М.С.(41) од село Кондово, скопско, пријави дека на 01.11.2025 околу 16:45 часот на ул.„Митрополит Теодосиј Гологанов“ во Скопје, додека се возела во автобус на ЈСП, возачот нагло закочил, при што нејзиниот 12-годишен син паднал и се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“.






