„Не е поднесена кривична пријава, можниот сторител е малолетник“: ОЈО Струга за нападот во кој момче се бори за живот

Основното јавно обвинителство (ОЈО) Струга соопшти дека до овој момент нема поднесено кривична пријава за настанот во кој момче беше прободено со нож и за чиј наводен сторител, граѓанин јавно го прозва министерот Тошковски.

Јавен обвинител е известен за случајот и во моментов, МВР постапува за документирање на настанот, обезбедување докази и вештачења.

ОЈО Струга појаснува дека лицето за кое постојат индиции дека е можен сторител е малолетно.

Доколку се обезбедат докази кои ќе дадат основано сомнение дека тој навистина го извршил делото:

-Постапката за него ќе се води од страна на судија за деца.

-Случајот ќе се процесуира согласно Законот за правда на децата.

Соопштението на ОЈО Струга доаѓа откако брат на повреденото момче јавно го прозва министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, тврдејќи дека неговиот брат се бори за живот во болница, додека лицето за кое тој го посочува како „убиец во обид“ е слободно и се шета во Грција

Back to top button
Close