ЕУ формира нова разузнавачка единица под водство на Урсула фон дер Лајен

Европската комисија почна со формирање нова разузнавачка единица под претседателката на ЕК, Урсула фон дер Лајен, со цел подобрување на употребата на информациите собрани од националните шпионски агенции, објави „Фајненшл тајмс“.

Според весникот, единицата ќе биде формирана во рамките на Генералниот секретаријат на Комисијата и планира да ангажира службеници од различни делови на разузнавачката заедница на Европската унија, со цел да собира и анализира разузнавачки податоци за заеднички цели.

Британскиот весник наведува дека четири лица запознаени со плановите ја потврдиле оваа информација.

Back to top button
Close