Кетрин Коноли положи заклетва како претседател на Ирска


Кетрин Коноли денеска положи заклетва како 10 претседателка на Ирска.

Таа на инаугурација најави дека ќе промовира обединување на Република Ирска и британската покраина Северна Ирска.

Коноли се осврна и на воената неутралност на Ирска, која е партнер, но не и членка на НАТО. Според неа ирската неутралност значи дека земјата е „добро позиционирана да формулира и води алтернативни дипломатски решенија за конфликти и војни“.

Коноли вети дека ќе го прогласи ирскиот за официјален јазик на земјата, иако не е широко користен во секојдневниот живот. Исто така најави дека ирскиот јазик ќе биде примарен во претседателската резиденција.

Коноли беше избрана на 25 октомври со 63 проценти од гласовите, победувајќи ги Хедер Хамфрис и Џим Гевин.

Таа доби поддршка од главните опозициски партии, меѓу кои и Зелените и националистичката партија Шин Фејн.

Според аналитичарите, иако претседателот има само ограничена политичка улога, цврстите ставови на левичарката Коноли за надворешната политика, одбраната и домувањето би можеле да доведат до тензии меѓу претседателството и Владата.

Back to top button
Close