Ако имате неплатена сообраќајна казна во Грција, нема да може да излезете од земјата

Грција најави нов, автоматизиран систем за контрола на сообраќајни прекршоци, кој ќе им оневозможи на странските државјани да ја напуштат земјата доколку имаат неплатена казна.

Според најавата од грчкото Министерство за дигитална управа, системот директно ќе ја поврзе сообраќајната полиција со царината.

Тоа значи дека при премин на граница, веднаш ќе се појават сите евентуални неплатени казни.

Ако полицијата ви изрекла казна или ве регистрирала сообраќајна камера, податоците автоматски ќе се внесат во системот, а на граничниот премин ќе ве чека само сметката.

Грчките власти објаснуваат дека ваквата мерка е неопходна, бидејќи годишно се изрекуваат казни во вредност од 100 до 110 милиони евра, а се наплаќаат само околу 40 милиони евра

Back to top button
Close