Изгоре балканскиот ноќен клуб „Вилиџ“ во Виена

Пожарот го зафати објектот на ноќниот клуб „Вилиџ“ во Виена, а во гасењето учествуваа 88 пожарникари со 23 возила.

Балканскиот ноќен клуб „Вилиџ“ се запали вчера во Виена, а австриските медиуми објавија дека е целосно изгорен.

Како што објавија медиумите, пожарот избувнал во утринските часови додека ноќниот клуб на улицата „Даумегасе“ бил затворен. Причината за пожарот сè уште е непозната.

Кога пристигнала професионалната противпожарна служба, пожарот веќе во голема мера ја зафатил зградата. Дел од објектот се урна.

Дури 88 пожарникари со 23 возила учествувале во гаснењето на пожарот. Пожарникарите се бореле со беснеечкиот пожар со два водни топови.

И покрај сите напори, зградата изгорела и делумно се урнала.

Причината за пожарот е под истрага

Back to top button
Close