Koсово оди на нови избори?

 

На денешната вонредна седница, Собранието на Косово не беше изгласан кандидатот на Самоопределување, Гљаук Коњуфца, за нов премиер. За изборот на Коњуфца гласаа 56 пратеници, 53 беа против, додека четворица пратеници беа воздржани.

На почетокот на седницата, Коњуфца ја презентираше програмата на Владата, а потоа и предлогот за кандидати за вицепремиер и министер, кој е речиси идентичен со предлогот што го презентираше претходниот мандатар, Албин Курти.
Единствената разлика е што Курти сега е предложен за позицијата прв вицепремиер и министер за надворешни работи, додека Коњуфца беше предложен за тие позиции во претходниот мандат.

По денешната одлука на Парламентот, претседателката на Косово Вјоса Османи има уставна обврска да го распушти Собранието и да закаже вонредни парламентарни избори најдоцна во рок од 40 дена.

Приштинските медиуми објавија дека вонредните парламентарни избори би можеле да бидат закажани за 21 или 28 декември.

Back to top button
Close