Во Струга лишен од слобода крадец баран за затворска казна од три години

Струшката полиција лишила од слобода 21 годишно лице од Скопје за издржување затворска казна од три години.
СВР Охрид денеска соопшти дека на улицата „Димитар Влахов“ во Струга, вчера во 16 часот и 10 минути полициски службеници од ОВР Струга од слобода го лишиле А.С.(21) од Скопје.
– Лишувањето е извршено врз основа на издадена наредба од Основниот суд Скопје 1 за издржување казна затвор во траење од три години за сторени кривични дела „тешки кражби“. А.С. е предаден на Казнено поправната установа „Затвор-Скопје“ за издржување на затворската казна, стои во соопштението на СВР Охрид.






