Двајца штипјани завршија со лисици на раце – едниот натепал жена, па се степале меѓусебно

Вчера во 13:40 часот во Штип, полициски службеници од СВР Штип ги привеле В.Д.(35) и С.Д.(33), двајцата од Штип, постапувајќи по претходна пријава од Ѓ.М.(29) од Штип, дека била физички нападната од В.Д., а потоа В.Д. и С.Д. физички се пресметале, при што употребиле разни предмети и оштетиле дел од покуќнината.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Back to top button
Close