Мицкоски за случајот на Јанкуловска во Стразбур „удри“ по Кацарска.Во “тенк“и ги нарушила човековите права, а сега барала повисоки плати за нив а удирала по пензионерите
По објавата на поранешната министерка Гордана Јанкулоска дека Европскиот суд за човекови права го разгледува нејзиниот предмет за блиндираното возило, премиерот Христијан Мицкоски денеска ја искористи приликата да даде оценка за состојбата во правосудниот систем.
„Забележав дека во соопштението јасно стои дека имаат забелешки на процесот, начинот на судењето, нарушување на човековите права и отвораат предмет да го разгледаат тој процес. Ќе ве потсетам дека за вакви случаи ние подолго време зборуваме. Тоа се овие судии на кои им е мала платата, сакаат двојно, тројно поголема. Партиски октроирани и заробени од страна на претходната влада“, вели претседателот на Владата на Република Северна Македонија Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање.
Премиерот Мицкоски рече дека судијата што го водеше судскиот случај „Тенк“, денеска ги удира пензионерите за линеарното зголемување на пензиите.
„Видете кој го водеше овој случај „Тенк“ и видете каде се наоѓа тој судија денес. И не престанува тој судија денес ги атакува пензионерите за линеарното зголемување на пензиите, сака тоа право да им го одземе, а од друга страна бараат двојно, тројно поголеми пати. А гледате какви пресуди политички октроирани носат. За жал“, истакна Мицкоски и додаде:
„За жал мораме да се срамиме и црвенееме пред Стразбур, поради ваквите малкумина судии кои за жал го контаминираат нашето судство и малкумина обвинители кои за жал го контаминираат нашето обвинителство.“
Премиерот Мицкоски посочи дека во правосудството се потребни суштински реформи, а не зголемување на плата за која како што рече и така е драстично поголема од просечната плата во државата.
објави Скопје1.мк






