СДСМ: Груевски командува, Мицкоски извршува државата да оди назад
Опозициската СДСМ вели дека Македонија повторно се наоѓа во изолација додека целиот регион напредува и дека Никола Груевски од Будимпешта бил вистинскиот центар на одлучување во ВМРО-ДПМНЕ.

„Нема реформи во ниту една сфера, економијата тоне, странските инвеститори си заминуваат, власта сака повторно да го конторлира судството, целосно е заглавен европскиот пат на земјата. Власта вели ‘не е време за реформи’ и ја турка земјата во опасен правец. Тоа е истиот рецепт што Груевски го применуваше пред бегството во Будимпешта.
Наместо партнерство со нашите сојузници не се случува ништо, не сме во периметарот на ниту еден наш стратешки партнер.
Секојдневно станува сè поочигледно дека Никола Груевски од Будимпешта е вистинскиот центар на одлучување во ВМРО-ДПМНЕ.
Неговите пораки, ставови и директиви се копираат во изјавите но и во постапките на Мицкоски, Давкова и нивната влада кои се само извршители“, вели СДСМ






