Невидливата страна на насилството: 80 отсто од жените биле спречени да работат од страна на насилниот партнер

По повод почетокот на 16-те меѓународни денови на активизам против насилството врз жените, Здружението ЕСЕ ја истакнува невидливата, но речиси универзална последица од семејното насилство: економската несигурност на жените и децата по разводот или разделбата. Насилството не завршува по напуштањето на насилната заедница, тогаш започнува економската борба.

Невидливата страна на насилството: економските трошоци што жените не можат да ги издржат

Податоците на ЕСЕ покажуваат дека жените се соочуваат со сериозни економски последици

поради насилството:

1. Ограничен пристап до работа и губење на егзистенција

 80% од жените биле спречени да работат од страна на насилниот партнер.

 42% од жените го изгубиле своето работно место како директна последица од

насилството.

Ова значи дека жените ја започнуваат транзицијата кон нов живот со сериозно нарушена економска основа.

2. Високи здравствени трошоци поради последиците од насилството

Здравствените трошоци претставуваат голем и непланиран товар:

 48% од трошоците се за лекови,

 21% за хоспитализации,

 19% за матичен лекар и итна помош.

Овие издатоци нечесто се плаќаат приватно, бидејќи жените имаат ограничен пристап до јавни

услуги или им треба навремена поддршка која ја нема во системот.

3. Трошоци за домување и преживување

По напуштањето на домот, жените мора итно да најдат ново сместување, што подразбира:

кирија, сметки, основен мебел, транспорт и секојдневни трошоци.

4. Долгови како единствена стратегија за преживување

Сегашните можности за финансиска поддршка и економско јакнење од страна на државата се

недоволни и несоодветни, па жените често остануваат без реален излез од економската криза

што ја предизвикува насилството. Над 90% од жените земаат кредити или позајмици од

роднини и пријатели за да преживеат во првите месеци по насилството.

Издршката за децата – недоволна, нередовна и без ефективна наплата

Анализата на ЕСЕ покажува дека постојниот систем на досудување и наплата на издршката за

децата, ги оставa жените и децата без реална заштита:

 Во над 50% од случаите, судската издршка не ги задоволува реалните трошоци за детето.

 70% од жените се соочуваат со ненавремена, делумна или целосно неплатена издршка.

 Жените ретко ги користат законските механизми за наплата, бидејќи постапките се

долги, неефикасни и скапи, а често и поради страв од одмазда од насилникот.

Ова значи дека во најголем дел од семејствата, во овој период на транзиција, мајката сама ги

обезбедува сите средства за живот на децата, без поддршка од државата или од другиот родител.

Што им е навистина потребно на жените за нов почеток?

За жените трајно да ставaт крај на насилството и да обезбедат стабилен, безбеден живот за себе и своите деца, потребни се следниве системски решенија:

 Финансиска поддршка во првите 6–12 месеци по напуштањето на насилната заедница, со цел покривање на основни трошоци и стабилизација.

 Можности за вработување и преквалификација, во партнерство со институциите и приватниот сектор.

 Ефикасен механизам за наплата на издршката, кој ќе гарантира дека децата ги добиваат средствата што им следуваат.

 Координирана институционална поддршка за надминување на економските последици од насилството.

Поголеми вложувања во економското зајакнување на жените, преку социјалниvпретпријатија, обуки, локални програми и активирање на жените кои се надвор од пазарот на труд.

Повикуваме на акција: државата мора да обезбеди економска сигурност за жените и децата

ЕСЕ апелира државата итно да воспостави систем за финансиска поддршка на жените воvпериодот на транзиција по напуштањето на насилната заедница, поддршка која ќе овозможи покривање на трошоци за домување, основни потреби, здравствени услуги и секојдневни издатоци сѐ додека не се обезбеди стабилен приход.

Без економска сигурност, секое бегство од насилството носи ризик од сиромаштија, повторна виктимизација или принудно враќање во насилната средина

Back to top button
Close