Ова се петте лица кои утрово се уапсени во акцијата на ОЈО и полицијата. Меѓу уапсените и екс зам. министерот Трајан Димковски
ОСОСК во координација со ОЈО Скопје презема службени дејствија како претрес на дом и други простории во Скопје, Куманово и Тетово поради сомненија за „Злоупотреба на службена положба и плвастување“ во текот на 2021 и 2022 од страна на Агенцијата за стокови резерви, Агро берза, МЗШВ и вешто лице заради прибирање докази кои ќе послужат во понатамошната постапка.

Лицата со неизвршување на својата службена долност придонеле да се изврши отпис на 1.500000 меркантилна пченица и 500.000 тони јачмен од државните стокови резерви со што причиниле штета на буџетот од околу 780.000 евра
Според извори на Фокус, меѓу приведените и осомничените се поранешниот заменик-министер за земјоделство Трајан Димковски, поранешен директор на Агенцијата за стокови резерви и уште тројца раководители од истата институција.
Според информации кои ги пренесе сајтот newz24live.com осомничени лица се Н.Р. (раководител во Агенција за стоковни резерви), Р.А. (директор на Агенција за стоковни резерви), Т.К. (раководител во Агенција за стоковни резерви), Т.Д за злоупотреба на службеа должност и овластување во својство на поранешен заменик министер за земјоделие шумарство и водостопанство и М.П како вешто лице при биро за процена од oбласта на земјоделството.






