Сто проценти сум убедена дека се работи на прашањето за уставните измени, вели Агелер
„Јас не учествувам во преговорите, но можам да ви кажам дека се водат разговори што го поплочуваат патот. Ме охрабри тоа што гледам дека активно разговараат за отпочнување на процесот. Не е потребен само еден глас за Уставот“, кажа таа
Се осврна и на состојбата во правосудниот систем, но и на односот на премиерот Христијан Мицкоски кон Обвинителството. Рече дека воопшто не и се допаѓа состојбата во судството, како и дека сака да види помалку зборување од страна на премиерот, а повеќе дејствување во рамките на судството
Американската амбасадорка во земјава Анџела Агелер е убедена дека се работи на прашањето за уставните измени, што треба да го откочат процесот за членство во Европската унија. Ова таа го кажа во гостување на ТВ21, посочувајќи дека се работи за сложен процес, но дека се работи за негово отпочнување.
Од вечерашното гостување на американската амбасадорка Анџела Агелер во ТВ21 / Фото: Принтскрин
„Сто проценти сум сигурна дека се работи на уставните измени“,рече таа.
На новинарско прашање дали тоа значи оти не се согласува со оние што велат дека Владата не презема ништо за уставните измени, таа одговори:
„Да, не верувам“.
Откако новинарот повторно и постави потпрашање дали не верува или не се согласува, таа посочи дека знае оти работат напорно во Брисел и во другите европски престолнини за да изнајдат решенние.
Според неа, процесот е сложен, но се работи на негово отпочнување.
„Секогаш сум зборувала дека навистина верувам оти оваа држава мора да биде во Европската унија, и за да се случи тоа мора да се испочитуваат процеси. Јас не учествувам во преговорите, но можам да ви кажам дека се водат разговори што го поплочуваат патот. Ме охрабри тоа што гледам дека активно разговараат за отпочнување на процесот. Не е потребен само еден глас за Уставот“,вели американската амбасадорка во земјава.






