Сара Ѓорѓиеска пуштена на домашно лекување
По тешките повреди што ги доби во инцидентот кој ја вознемири јавноста, 26-годишната Сара Ѓорѓиеска денес е пуштена на домашно лекување. Во меѓувреме, против 31-годишниот Кристијан Корабоски од Охрид е поднесено обвинение за три кривични дела, а судот му одреди 30-дневен притвор.

По лекувањето во Специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Св. Еразмо“ во Охрид, 26-годишната Сара Ѓорѓиеска е пуштена на домашно лекување, објави Охридпресс.
За време на престојот во болницата биле извршени повеќе дијагностички процедури, меѓу кои и компјутерска томографија на главата. Според првичните информации од болницата, кај неа биле констатирани повеќе повреди во вид на хематоми и модринки.
Охридското Основно јавно обвинителство поднесе обвинение против 31-годишниот Кристијан Корабоски за три кривични дела: телесна повреда, противправно лишување од слобода и загрозување на сигурноста на Сара Ѓорѓиеска. Основниот суд во Охрид му определи мерка притвор во траење од 30 дена.
Од Обвинителството соопштија дека, според обвинението, при вршење семејно насилство, обвинетиот противправно ја затворил, физички ја нападнал, телесно ја повредил и ѝ ја загрозил сигурноста на оштетената.
„При вршење семејно насилство, обвинетиот противправно ја затворил, физички ја нападнал, телесно ја повредил и ја загрозил сигурноста на една оштетена. Во текот на денот, со цел испитување на настанот, јавниот обвинител презеде повеќе дејствија. Испитана беше оштетената во присуство на социјални служби и беше наредено и извршено вештачење на видот и карактерот на нејзините повреди. Заедно со обвинението, а имајќи ги предвид утврдените околности во предметот, јавниот обвинител до Судот достави предлог за определување мерка притвор за обвинетиот кој беше обезбеден за цело време од поведување на постапката“, соопштија од Обвинителството.
Вчера попладне Кристијан Корабоски повторно беше приведен поради како што велат од обвинителството, нови околности во предистражната постапка






