Вработен на ЕВН нападнат во Горно Нерези додека извршувал работни задачи
На 26.11.2025 во 14:30 часот во СВР Скопје, од Градската општа болница „8 Септември“ е пријавено дека кај нив со повреда бил донесен Т.И.(50) од с.Матка, скопско.

Според пријавеното, Т.И. околу 11:00 часот во с.Горно Нерези, скопско, додека извршувал работни задачи како вработен во ЕВН, бил физички нападнат од едно лице, кое употребило тврди предмети.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.






