Никола Груевски ја зовре атмосферата на седницата за пратенички прашања

Бурни реакции и 15 минути пауза за недолично обраќање побара пратеникот на СДСМ Фатмир Битиќи откако меѓусебе си и упатија навредливи зборови Миле Талески од СДСМ и министерот за правда Игор Филков.

 

Талевски праша дали Министерството за правда поднело ново барање до Унгарија за екстрадици на поранешниот премиер и бегалец Никола Груевски, бидејќи имало индиции дека ВМРО-ДПМНЕ подготвува терен за враќање на експремиерот во државата.

Филков одговори Талевски и СДСМ да не се занимаат со шарлатанство и дека затоа се таму каде што се и народот на избори им ја испратил пораката.

-Секогаш кога ќе се создадат услови ние си ги барме сите наши граѓани. Не се занимавајте со манипулации – рече Филков.

Талевски незадоволен од одговорот побара министерот Филков писмено да му одговори.

-Министерот не одговори односно со мизерниот одговор од мизерниот министер тој потврди дека не поднел барање до Унгарија за екстрадиција на Никола Груевски.

Според Талевски, индициите дека ВМРО-ДПМНЕ се подготвува за враќање на Груевски се нивните политики, одалечувањето и изолацијата на земјава од ЕУ-процесот, ставањет рака врз институциите, дека на Мицкоски политички идол му бил Груевски… (slobodenpecat)

Back to top button
Close