Скопјанец кривично ќе одговара – нашол изгубена картичка на кичевчанец, па си пазарувал со неа

ОВР Кичево поднесе кривична пријава против Ќ.И.(47) од скопското село Палиград, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“.

Тој, на 09.10.2025 со намера да се стекне со противправна имотна корист, неовластено ја искористил изгубената платежна картичка на лице од Кичево и во два наврати, во продажни објекти во Кичево, извршил наплата.

По преземени мерки, тој е пронајден и приведен во полициска станица.

Back to top button
Close