Потребно е неколку помоќни земји од ЕУ да извршат притисок врз Софија, а со уставните измени нема ништо ново – вели Николоски

Мислам дека нема ништо ново. Вака вицепремиерот и министер за транспрот, Александар Николоски ја искоментира вчерашшната изјава на амбасадроката на Соединетите Американски Држави (САД), Анџела Агелер, која во телевизиско гостување кажа оти сто проценти сигурна дека Владата работи на прашањето за уставните измени.

Вицепремиерот и министер за транспрот, Александар Николоски во вечерашното гостување во „Само интервју“ на ТВ Канал 5 / Фото: ВМРО-ДПМНЕ

Говорејќи на темата, Николоски во вечерашното гостување во „Само интервју“ на ТВ Канал 5, рече дека кога станува збор за ова прашање, ВМРО-ДПМНЕ веќе јасно го кажала својот став, а тоа е дека не прифаќаат измени под бугарски диктат, како и тоа кои се нивните очекувања.

„Дали се тие поврзани со историскиот и политичкиот континуитет на нашшиот народ, дали се поврзани со посебноста на македоннскиот јазик, дали се поврзани со обидите историјата да стане главна алатка во блокирање на преговорите, ние многу јасно сме ги кажале работите. Јасно сме кажале дека Бугрија не ги применува пресудите на Европскиот суд за човекови права (ЕСЧП) во Стразбур и дека бараме да ги примени. Јасно сме кажале дека бараме да признае македонско малцинство што би било дел од Советот на национални малцинства што го има Бугарија. Јасни се нашите позиции. Ние ништо различно не сме кажале и направиле од тоа што го зборувавме и како опозиција“,

рече вицепремиерот и министер за транспорт.

Излезот од ќорсокакот, како што кажа Николоски, го гледа во новиот оптимизам во однос на проширувањето што владее во Европската Унија поради состојбата со Украина и дека неколку поголеми и помоќни земји членки на ЕУ ќе се согласат на проширување и ќе извршат притисок врз Бугарија.

Во спротивно, рече, дека кај Софија не гледа волја самата да се согласи да го откочи процесот.

„Многу сум прецизен, не велам Европската комисија, не велам Брисел, велам неколку поголеми и помоќни змеји членки на Европската Унија да се согласат на проширување и ако се согласат да извршат притисок врз Бугарија да не нè блокира. Од тоа што го знам, е дека тие што беа против проширување пред две или три години, се и сега, само што сега користат малку помека реторика заради ова што се случува во Украина“, кажа Николоски.

На забелешка на новинарот дека Албанија е ставена на брза лента на патот кон ЕУ, дека со Црна Гора како веќе да се подготвува договорот за пристапување, Николоски со одговор: „Дај Боже да е така, ќе аплаудираме. Но треба да се постави обратното прашање – што ако не се случи така“.

Елаборирајќи го ваквиот свој став, вицепремиерот рече дека оти смета дека на регионот му треба „еден чесен однос“ од страна на Европската Унија.

„Ние како држава, за разлика од другите држави, и во моментов имаме една предност, а која ни беше маана во годините наназад, е што порано сме се изгореле во целиот процес и сега сме со малку поотворени очи…Јас можам сето ова пофино да го кажувам, позаоблено, не сум од вчера ниту во јавниот живот, ниту во политиката, знам сите овие работи да ги ставам во обланда, но јас ова што зборувам, го зборувам затоа што сум загрижен и за Македонија и за целиот регион. Мислам дека е фер да се поразговара отворено со земјите од регионот, да се каже што може, а што не може, и да се поразговара во рамките на тоа што може. Затоа што сега зборуваат дека 2027-2028 година Албанија и Црна Гора ќе влезат во Европската Унија. Ако дојде 2029 година и ниту едната, ниту другата не се членки, како ќе се чувствуваат тие луѓе што живеат таму. Мене од тоа ми е страв, затоа што регионот премногу има пропатено. Од друга страна просторот за национализам во целиот регион е огромен. Мене ми е страв од повампирување на одредени идеологии што биле присутни во овој регион, а за среќа во последните декади ги немаме. Но страв ми е ако овој однос продолжи“,рече Николоски.

Надоврзувајќи се во одговорот, тој рече дека тоа што го збоурва не е ниту проруско, ниту проунгарско влијание, како што според него говори „пропагандата на СДСМ“, туку е искрен однос кон граѓаните.

Државните знамиња на РС Македонија и на Република Бугарија (Илустративна фотографија) / Фото: Архива

Прашан за пораката од шефот на германската дипломатија, Јохан Вадефул за време на неговата неодамнешна посета на земјава дека напредокот во односите со Бугарија е особено важен за натамошен успех во пристапниот процес, Николоски рече дека претходната влада одржувала односи со Софија, но не било постигнато ништо.

Во тој контекст, тој се осврна на актуелните случувања во Бугарија околу протестите поврзани со воведувањето на еврото и буџетот за 2026 година, велејќи дека не посакува нови избори во земјата, но оти ситуацијата таму е крајно нестабилна, а во случај на избори македонското прашање за одредени елити таму е многу атрактивно.

Во таа насока, тој повтори дека за откочување на евроинтегративниот процес на земјава е потребен притисок од сериозни земји членки на ЕУ врз Софија.

„Начинот тоа да се реши е да има притисок од сериозни земји членки на Европската Унија да го променат однесувањето. Јас немам дилеми дека претседателката на Европската комисија (ЕК), Урсула фон дер Лајен, дека еврокомесарката (Марта) Кос, дека претседателот на Европскиот совет, (Антонио) Кошта сакаат Македонија утре да почне преговори со ЕУ, сакаат и работат тоа да се случи, но прашањето е дали оние кои што навистина ја имаат силата, во политиката силата игра голема улога, вршат притисок врз Бугарија или не“,кажа вицепремиерот и министер за транспорт во интервјуто.

Back to top button
Close