Кос: Македонија треба да го промени Уставот ако зборуваме за процесот на пристапување
„Знаете, веќе имаме отворени преговори за пристапување. Како што споменав, Црна Гора и Албанија, Србија. Чекаме, знаете, да започнеме со Северна Македонија и Босна, а Косово, секако, е на крајот. Но, секако, од друга страна, на исток ги имаме Украина и Молдавија, кои постигнаа навистина голем напредок и неодамна направија многу, многу реформи. Значи, има четири земји за кои навистина гледаме добри можности да станат нови членки, под услов, секако, да ги спроведат потребните реформи“ – ова го изјавила еврокомесарката за проширување, Марта Кос за европскиот пат на земјите од Западниот Балкан.

Во интерју за „Euronews Bulgaria“, запрашана за аспирациите на Македонија и дали сè зависи од спроведувањето на уставните измени, Кос изјавила дека кога зборува за процесот на пристапување на земјава, постојат две важни точки.
– Advertisements –
-Едната е дека земјата веќе спроведува некои реформи што се неопходни откако ќе го започнеме процесот на пристапување. Но, официјалниот процес, почетната фаза, сè уште не е завршен, бидејќи, како што рековте, тие мора да го променат Уставот. Штом го променат Уставот, без понатамошни одложувања или дополнителни услови, ќе можеме да организираме она што го нарекуваме Меѓувладина конференција. Значи, навистина се радуваме на овие важни чекори. Од друга страна, како што знаете, Северна Македонија е дел од планот за раст за Западен Балкан и има некои позитивни точки. На пример, од октомври Северна Македонија е дел од механизмот СЕПА, штотуку се сретнав со премиерот Мицкоски во Тирана минатата недела. Луѓето и компаниите во Северна Македонија заштедуваат 62 милиони евра затоа што се дел од СЕПА.
Друг позитивен елемент е тоа што, знаете, имаше договор меѓу Северна Македонија и Бугарија за Коридорот 8, кој ќе ни овозможи навистина да го поврземе Јадранското Море со Црното Море. И оваа транспортна поврзаност е многу важна во поширока смисла. Значи, има одредено движење, но ако зборувам за процесот на пристапување, да, Северна Македонија треба да го промени својот Устав, појаснила еврокомесарката.
Она што сега го гледаме е дека, додава Кос, постои волја во Македонија за членство во ЕУ






