Британија би можела да депортира одбиени баратели на азил во Северна Македонија според планот за отворање „центри за враќање“ на Балканот

Нелегалните мигранти од Велика Британија би можеле да бидат депортирани во Северна Македонија откако земјата започна формални преговори со Лондон за отворање „центар за враќање“ на мигранти, пренесе Тајмс.

Според договорот, Велика Британија ќе ѝ плаќа на Северна Македонија за секој мигрант што ќе го прифати, објави „Тајмс“, повикувајќи се на план за кој британскиот премиер Кир Стармер се надева дека ќе помогне да се одвратат мигрантите од преминување на Ламанш во чамци.

Велика Британија, исто така, би се согласила да инвестира во Северна Македонија и да понуди безбедносни гаранции за да помогне во спротивставувањето на руската закана како дел од договорот.

Според „Тајмс“, Северна Македонија формално започнала преговори со Велика Британија претходно оваа есен и е една од ретките земји што преговараат со Лондон за отворање серија центри во странство.

Како што е наведено, мигрантите би биле депортирани и ќе им се понуди можност да побараат азил во Северна Македонија, но тие нема да бидат притворени ниту ќе се соочат со ограничувања на движењето, што би им овозможило слободно да ја напуштат земјата доколку сакаат, наведува Тајмс.

Тие би биле охрабрени да бараат азил или да добијат работни визи во секторите каде што има големи недостатоци, како што е градежништвото, објави порталот.

Мигрантите ќе бидат депортирани и ќе им се понуди опција да барат азил во Северна Македонија но нема да бидат приведувани и лишени од слобода, или на било каков друг начин да им се оневозможи нивното слободно движење со што ќе им се овозможи да ја напуштат Македонија ако сакаат. Според „Тајмс“, нелегалните мигранти од Британија ќе бидат охрабрени да побараат азил во Македонија како и ќе им бидат понудени работни визи во индустрии како градежништво со оглед на тоа што во Северна Маекдонија има недостаток на работници во градежниот сектор, пренесува „Тајмс“.

Освен Македонија, во преговори е и Косово за отворање на слични повратни мигрантски кампови за нелегални мигранти во Велика Британија.

Според изјавата на претстанвици на британскиот Хоум Офис (Влада), овој план предвидува нови иновации и не е сличен на т.н. Шема во Руанда.

„Во преговори сме со неколку земји, но нема да правиме мигрантски камп кој се потпира само на повратни кампови. Тоа е дел од поширок пакет. Не бараме сребрен куршум, бидејќи нема“ – пренесува „Тајмс“.

Стармер потврдиле дека се спроведува идејата за повратни хабови за нелегални мигранти на Западен Балкан, бидејќи нема да имаат големи правни пречки во земјите од Западен Балкан, а дополнително олеснителен факт е дека сите имаат потпишано Европска конвенција за заштита на човековите права.

Претходно годинава Северна Македонија се придружи на заедничката мигрантска единцица на Велика Британија и други Балкански земји со цел споделување на разузнавачки операции и други операции против шверцери со мигранти во регионот.

Се вели дека Приштина преговара и со Велика Британија, додека Босна и Херцеговина го отфрли прифаќањето на одбиените баратели на азил од Велика Британија со образложение дека тоа е „некомпатибилно со националните интереси“.

Back to top button
Close