Полициски инспектор предложен за член на Судски Совет

Инспектор за прекршоци од тетовската полиција е предложен за нов член на Судскиот Совет од страна на Собранието. Владеачкото мнозинство во собраниската комисија за избори и именувања, со 8 гласа „за“ го усвои предлогот за нов член на Судскиот Совет да биде избран Аљбан Кадриу.

ДУИ за истата функција го предложи Арбер Исаку, поранешен член на Советот за јавни обвинители, но тој доби само еден глас. Координаторот на пратеничката група на Вреди, Беким Ќоку го предложи Аљбан Кадриу со тврдење дека ги исполнува сите потребни услови и е најдобар од десетте пријавени кандидати.

Предложениот Кадриу работи 17 години во МВР, а претходно бил вработен во владата. Тој е предложен истиот ден кога во Собранието почнува расправа за новите законски решенија за Судскиот Совет со кои ќе се поострат критериумите за поимот „истакнат правник“ преку кој Кадриу беше изгласан за предлог за нов член на Советот, пренесе Телма.

Back to top button
Close