Македонските ракометари подготовките за ЕП 2026 ги почнуваат на 22.декември

Машката македонска репрезентација подготовките за ЕП 2026 година ќе ги стартува на 22.декември за кога е закажан првиот собир. Избраниците на селекторот потоа заминуваат за Пореч, Хрватска каде ќе тренираат заедно со хрватскиот тим, а планиран е и еден контролен дуел на крајот од подготовките.
По враќањето ќе се тренира во Скопје до заминувањето за Винтертур, Швајцарија каде македонската репрезентација од 8-10.јануари следната година ќе биде дел од „Жолтиот куп“ и ќе одигра три натпревари против домаќинот Швајцарија, Бахреин и Украина. Македонската репрезентација на Европското првенство се наоѓа во групата со ко-домаќинот Данска, Романија и Португалија. Селекторот Кирил Лазаров планот за подготовките го презентираше на денешниот состанок на Управниот одбор на РФМ.
– Данска е секако најсилната репрезентацијата во групата, Португалија е полуфиналист од последниот Светско, а во групата е и Романија. Нема да се предадеме и ќе се обидеме да се прикажеме во добро светло и да стигнеме до позитивен резултат, изјави Лазаров.
Македонскиот ракометен тим од Швајцарија ќе отпатува за Хернинг, Данска каде ќе биде одигран уште еден натпревар (противникот дополнително ќе биде познат).
Натпреварите од групата нашата репрезентација ќе ги игра во Хернинг, сала „Јуске Банк Боксен“ од 16 до 20.јануари следната година.






