Фудбалерките до 19 години во група со Норвешка, Шкотска и Австрија

Женската македонска фудбалска репрезентација до 19 години ќе дел од завршниот круг на квалификации за пласман на Европското првенство кое следната година ќе се одржи во Босна и Херцеговина.
Националниот тим предводен од Кирил Изов, кој неодамна избори пласман во елитната конкуренција. Според календарот турнирите ќе се играат во периодот од 25 февруари до 7 март или од осми до 18 април, а домаќините дополнително ќе бидат одредени.
КВАЛИФИКАЦИИ ЗА ЕП ДО 19 ГОДИНИ – ЕЛИТНА ГРУПА
ГРУПА A1: Англија, Швајцарија, Велс, Летонија
ГРУПА A2: Полска, Грција, Белгија, Романија
ГРУПА A3: Данска, Финска, Исланд, Србија
ГРУПА A4: Норвешка, Шкотска, Австрија, МАКЕДОНИЈА
ГРУПА A5: Италија, Шведска, Холандија, Украина
ГРУПА A6: Франција, Германија, Република Ирска, Словачка
ГРУПА A7: Шпанија (шампион), Португалија, Северна Ирска, Унгарија
Пласман на завршницата на континенталниот шампионат ќе обезбедуваат само победниците на групите кои ќе и се приклучат на домаќинот Босна и Херцеговина.
Европското првенство ќе се одржи од 27 јуни до 10 јули.






