Втора победа за Шкендија во УЕФА Конференциската лига

Фудбалерите на тетовска Шкендија ја постигнаа втората победа во групата од УЕФА Конференциската лига откако вечерва го совладаа Слован Братислава со 2:0. Со овој триумф Шкендија со седум бодови се искачи на табелата, но за пласманот по 5.коло ќе се знае по одигрувањето на дуелите кои почнуваат во 21 часот.
Шкендија до водство дојде откако Кенан Бајриќ во 33.минута постигна автогол, а конечните 2:0 беа поставени во 45+1 минута. Стрелец на голот беше Себастијан Спахиу.
Во следното коло Шкендија гостува кај екипата на АЕК Ларнака (18.декември), екипа која има 9 бодови без пораз на петте натпревари, но и серија од три нерешени резултати откако вечерва одигра 1:1 на гостувањето кај Хакен.






