Македонскиот ракометен првак нема директно место во Лигата на шампионите

Европската ракометна федерација (ЕФХ) го одреди новиот формат за Лигата на шампионите, а македонскиот ракометен шампион нема директно учество во најквалитетното натпреварување туку тоа ќе може да го оствари со барање на вајлд-карта.

Извршниот комитет го потврди системот, а рангирањето на федерациите е според резултатите од сезоните 2022/23, 2023/24 и 2024/25. На првите десет места се рангирани следните федерации: Германија, Шпанија, Франција, Данска, Полска, Унгарија, Романија, Португалија, Хрватска и Норвешка, а тоа значи дека овие држави имаат една загарантирано место во Лигата на шампионите. Овие федерации можат да побараат и по две вајлд карти, а ЕХФ ќе додели осум „специјални покани“.

Во натпреварувањето од следната сезона ќе бидат 24 екипи, поделени во шест групи по четири, а дванаесет од нив ќе се пласираат во главната рунда. Другите 12 екипи ќе продолжат во 1/16 финалето од Европската лига.

Back to top button
Close