Без вода утре корисници спроти „Соборниот храм“ во Скопје

Без вода утре од 08:30 часот ќе бидат корисниците на потегот од крстосницата со „Партизански Одреди“ до паркинг ЈАТ во централното градско подрачје на Скопје.

Како што информира Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ – Скопје, прекинот со водоснабдување е поради уличен дефект на бул.„Св.Климент Охридски“ (спроти Соборен Храм).

Водоснабдувањето во овие населени места ќе биде прекинато до завршување со работните активности.

Back to top button
Close