Заработиле милиони на сметка од деца болни од рак

Истрагата на Би-би-си откри глобална мрежа на измамници кои ги експлоатираат децата со рак за да украдат милиони долари од донатори ширум светот преку лажни добротворни кампањи.

Очајни родители биле убедени да снимаат морничави видеа од своите болни деца, честопати со сурови манипулации како што е користење кромид за да ги расплачат децата, само за да добијат симболична такса или ништо од собраните пари.

Во центарот на измамата, која се протега од Филипините до Колумбија и Украина, е мрежа од лажни добротворни организации поврзани со истиот човек, пишува Би-Би-Си.

Една од жртвите на оваа сурова шема бил седумгодишниот Халил од Филипините. Неговата мајка Алџин раскажала како се согласила да го сними видеото со надеж дека ќе собере пари за лекување на нејзиниот син од рак.

Филмската екипа му ја избричила главата на момчето, го поврзала со лажен инфузор и го натерала да го научи сценариото на англиски јазик. За да предизвикаат солзи, ставиле сечкан кромид покрај неговото лице и ментол под очите.

Иако кампањата во негово име собрала 27.000 долари, на семејството му било кажано дека е неуспешна. Тие добиле само 700 долари за хонорари за снимање. Една година подоцна, Халил починал.

„Да знаев колку пари собравме, не можам, а да не помислам дека Халил можеби сè уште ќе беше тука“, рекла скршената мајка.

Би-Би-Си идентификувала 15 семејства кои претрпеле слична судбина, а девет од нив, чии кампањи се поврзани со истата мрежа, тврдат дека никогаш не добиле ниту еден цент од вкупно 4 милиони долари наводно собрани во име на нивните деца.

Изворот им открил на новинарите шокантни детали од процесот на селекција: тие барале „убави деца“ кои „мора да имаат помеѓу три и девет години… без коса“.

Израелски жител на Канада, Ерез Хадари, бил идентификуван како клучен играч во измамата.

Повеќе

Back to top button
Close