Старец со „југо“ прегази прилепчанка – жената со тешки повреди пренесена во болница
МВР информира дека вчера попладне во 13:30 часот во ОВР Прилеп е пријавено дека на крстосницата од ул. „Прилепски Бранители“ со ул. „Тризла“ во Прилеп, патничко возило „југо“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од Ѓ.С.(84) удрило во 53-годишната Р.Ј., двајцата од Прилеп.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Р.Ј., констатирани во Општата болница Прилеп, информира МВР.
Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Прилеп






