Викање и пцуење по шоферот: хаос се случи откако автобус на ЈСП доцнел, па се расипал на втора станица

Со дерење и пцуење по шоферот се манифестираше револтот на корисници на јавниот превоз, кои како што сведочат, речиси еден час чекале автобус кој вози на линија 9, за по една станица тој да се расипе.

 

Од снимката доставена до „Скопје1“ се слуша како патниците му посочуваат дека саат време чекале.

„На работали одиме? Што сме ние, говедо едно. Што прават горе, спијат?“, се слуша од снимката.

Тие дополнитено посочуваат дека ѕвонеле во ЈСП, но никој не одговорил на повиците објави Скопје1.мк

Back to top button
Close