Украина добива 2,8 милијарди евра – пари кои Роман Абрамович ги зема од продажбата на Челси
Британскиот премиер Кир Стармер денес објави дека Велика Британија ќе префрли 2,8 милијарди евра од рускиот милијардер Роман Абрамович, од продажбата на фудбалскиот клуб Челзи, во хуманитарен фонд за Украина, објавува британскиот весник „Гардијан“.

„Можам да објавам дека одобруваме префрлање на 2,5 милијарди фунти од продажбата на фудбалскиот клуб Челзи, пари кои беа замрзнати во 2022 година. Мојата порака до Абрамович е следнава: времето истекува, почитувајте ги обврските што сте ги презеле и платете сега“, рече Стармер во говорот во Долниот дом.
Тој додаде дека британската влада е подготвена „да оди на суд“ ако Абрамович одбие да плати.
„Подготвени сме да одиме на суд за секој денар да им припадне на оние чии животи се уништени од нелегалната војна на Путин“, рече Стармер.
Абрамович, поранешниот гувернер на рускиот автономен регион Чукотка, го продаде фудбалскиот клуб Челзи во 2022 година, под притисок од британската влада по почетокот на руската инвазија на Украина.
Потоа доби дозвола од британската влада да го продаде клубот, под услов парите да бидат потрошени за помош на жртвите од руската инвазија во Украина






