Стармер до Абрамович: Истекува времето за донацијата од 2.5 милијарди евра за Украина

Британскиот премиер Кир Стармер го предупреди денеска поранешниот сопственик на премиерлигашот Челзи, Роман Абрамович, дека „времето истекува“ да донира 2,5 милијарди фунти од продажбата на лондонскиот клуб во хуманитарна помош за Украина.
Стармер посочи додаде дека британската Влада е подготвена да поведе судска постапка доколку тоа не се случи, јави денеска Скај Спорт.
Зборувајќи пред пратениците во Долниот дом, британскиот премиер рече дека министрите издале посебна лиценца што овозможува префрлање на средствата од продажбата на Челзи во нова фондација посветена на хуманитарни проекти во Украина.
„Мојата порака до Абрамович е јасна, времето истекува. Исполнете ја обврската што ја презедовте и платете ги парите сега. Ако тоа не се случи, ние сме подготвени да одиме на суд за да стигне секое пени до оние чии животи ги разори нелегалната војна на Путин“, рече Стармер.
Абрамович го продаде Челзи во мај 2022 година откако се најде под санкции на Велика Британија поради руската инвазија на Украина. Во тоа време, тој вети дека приходите од продажбата ќе бидат донирани на жртвите од војната, но до денешен ден не е постигнат договор со британската Влада за тоа како да се префрлат средствата, кои сè уште се замрзнати на сметката во Велика Британија.






