ВИДЕО | Мајката чие бебе почина на ГАК: Влегов да родам син, излегов во црнина
Фото Слободен печат
Од медиуми видов дека моето бебе било интубирано по вторпат, никој не ми кажа дека се обидувале да го оживеат, а за внатрешната контрола на Комисијата за квалитет на ГАК дознав од медиумите.
Вака мајката на бебето чија сомнителна смрт ја истражува Јавното обвинителство и МВР по сторијата на „Слободен печат“ ги опишува траорните моменти кои ги живее последните два месеци, а кои кулминираа откако таа дозна дека смртта на бебето била предмет на внатрешно испитување на Клиниката откако раководителка на одделот за интензивна нега пријавила своја колешка од одделот за професионална грешка. Мајката на бебето е децидна – не видела ниту реинтубација ниту реанимација на новороденчето. Изјавата на докторката доставена до директорката на болницата е спротивна на ова тврдење. Таа тврди дека „семејството присуствувало на целиот процес на реанимација“. Низ солзи мајката истакна дека само една мајка знае како е после 41 час малтретирање на операција да се излезе со празни раце. Бара институциите да не го заташкуваат туку да го расчистат случајот
Целата сторија на Мирослава Симоновска на Слободен печ






