Скопје и утрово е втор во Европа по загаденост на воздухот
Скопје и утрово е меѓу најзагадените градови во светот, покажуваат податоците на швајцарската платформа IQAir.

Околу 10 часот, македонскиот главен град се најде на 19. место на глобалната листа и на второ место во Европа според степенот на загадување на воздухот.
Индексот на квалитет на воздухот во Скопје изнесува 154, што го класифицира во категоријата „нездрав воздух“.






