Уапсен Бујар Дардишта, поранешен директор од ДУИ

Во полициска акција ноќеска е уапсен Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги.

Заедно со него уапсени се уште неколкумина, а исто така биле извршени претреси во повеќе локации низ државата.

Бујар Дарлишта е кадар на ДУИ, кој во изминатите години извршувал повеќе раководни функции во државната администрација. Најпознат е по мандатот како директор на Управата за водење на матични книги, а подоцна беше именуван и за управител во ЕСМ Дистрибуција.

Според досегашните информации, станува збор за сузбивање на организирана криминална група осомничена за кривични дела од областа на корупцијата и економскиот криминал.

Наскоро се очекуваат детали за акцијата.

Back to top button
Close