Тренчевска: СДСМ ќе поднесе претставка до Уставниот суд откако власта ја усвои Резолуцијата против опозицијата
Потпретседателката на СДСМ, Јована Тренчевска, најави дека партијата до Уставниот суд ќе поднесе претставка за уривање на правниот поредок откако владејачкото мнозинство вчера во Собранието усвои „Резолуција за осуда на манипулациите на опозицијата и за потврда на политиките против нелегалната миграција“ поднесена од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ.







