Жител на Арканзас го освои џекпотот на „Пауербол“ вреден 1,8 милијарди долари

Жител на американската сојузна држава Арканзас синоќа го освои џекпотот од 1,817 милијарди долари на лотаријата „Пауербол“, со што беше ставен крај на тримесечниот период без добитник.

Последен пат џекпот на „Пауербол“ бил освоен на Бадник во 2011 година, а сега станува збор за четвртиот најголем џекпот во историјата на САД, кој беше освоен по 46 последователни извлекувања без главен добитник

Back to top button
Close