Во Истанбул уапсени 115 членови на Исламска држава – планирале напади
Турските безбедносни сили приведоа 115 осомничени членови на Исламска држава, кои се осомничени дека планирале напади за време на прославите на Божиќ и Нова Година во оваа земја, објави денеска Канцеларијата на главниот обвинител во Истанбул.

Полицијата во Истанбул добила информации дека членови на Исламска држава планираат напади во Турција, особено против немуслимани за време на прославите на Божиќ и Нова Година.
Во соопштението се наведува дека полицијата извршила рации во 124 места во Истанбул и дека се уапсени 115 лица, од 137 осомничени по кои се трагало.
За време на апсењето на осомничените, запленети се неколку пиштоли и муниција.
На 19 декември, жандармеријата во Анкара предупреди дека ИД планира напади за време на новогодишните празници во фреквентни области, вклучувајќи трговски центри и пазари






