Силна експлозија пред банка во Солун

Материјална штета на згради и на неколку паркирани возила предизвика силната експлозија што во текот на ноќта се сучи пред филијала на банка во населбата Евсомос во Солун.
Од експлозијата нема повредени лица, а според првичните информации, не претходел предупредувачки повик или какво било друго известување.
Според државната телевизија „ЕРТ“ експлозијата била толку силна што се слушнала и на оддалеченост од над еден километар, а најмалку седум паркирани автомобили и објектите во околината претрпеле материјална штета.
Во тек е истрага на грчката полиција и одделот за деактивирање на експлозивни направи на грчката полиција за околностите на експлозијата.






