Снежна бура ги зафати Њујорк и Њу Џерси

Снежна бура погоди делови од североистокот на САД, вклучувајќи ги Њујорк и Њу Џерси, поради што патувањата после Божик станаа исклучително ризични, соопштија американските власти.

Според прогнозите, невремето би можело да донесе најголема количина снег во Њујорк во последните неколку години, објавува Еј-Би-Си.Обилни снежни врнежи се очекуваат во делови од Њујорк, источна Пенсилванија, Њу Џерси, Конектикат, западен Масачусетс и Род Ајленд

Back to top button
Close