Сè повеќе жени пријавуваат насилство пред судењето на норвешкиот принц за силување

Сè повеќе жени во Норвешка пријавуваат насилство од партнерот во пресрет на почетокот на судењето на членот на кралското семејство обвинет за силување, соопшти водечката национална организација која се грижи за здравјето на жените.

Како што е наведе организацијата, судењето на Мариус Борг Хоиби, 28-годишниот син на принцезата Мете-Марит, кое треба да почне во февруари, охрабри многу жени да пријават сексуално насилство, пренесе „Гардијан“. Тој е обвинет за силување, злоставување на поранешна партнерка и снимање жени без нивно знаење или согласност.

Адвокатот на Хоиби, Петар Секулиќ, изјави дека неговиот клиент ги отфрла сите обвинувања, како и дека пред судот детално ќе ја изнесе својата верзија на настаните. Хоиби, чиј очув е норвешкиот престолонаследник Хакон, би можел да биде осуден на 10 години затвор доколку се утврди дека е виновен.

Официјалната претставничка на националната организација која се грижи за здравјето на жените, Меј Брит Бухауг, изјави дека е регистриран рекорден пораст на бројот на жени кои одлучиле да пријават сексуално и насилство од партмерот, откако биле охрабрени од овој случај.

Според статистичките податоци на норвешкиот Центар за насилство и трауми, секоја десетта жена во земјата претрпела тешко насилство од својот партнер, пренесе „Гардијан“.

Back to top button
Close