Швајцарскиот претседател за пожарот: Драма од невидени размери, животите беа брутално прекинати

Швајцарскиот претседател Гај Пармелен денес изјави дека пожарот што избувна во бар во швајцарскиот скијачки центар Кран-Монтана на новогодишната ноќ е една од најлошите трагедии што ја погодиле таа земја, а командантот на кантоналната полиција Фредерик Жизле рече дека околу четириесет лица загинале во пожарот, а 115 се повредени.

-Тоа е драма од невидени размери. Животите на многумина, особено на младите, беа брутално прекинати – рече Пармелен.

Тoј ги пофали швајцарските кантони за нивната мобилизација за помош и солидарност, а им се заблагодари и на соседните земји кои понудија помош, пред сè на Германија, Италија и Франција.

Тој оцени дека станува збор за „страшен контраст“, ​​бидејќи трагедијата се случила во одморалиште посветено на забава

Back to top button
Close