Девет новозаразени и двајца починати од Ковид-19 во Дебар

Се влошува епидемиолошката состојба во општините Дебар и Центар Жупа а сето тоа поради масовното непочитување на препораките за заштита, изјави за МИА епидемилогот Ментор Меља.

Коментирајќи ги денешните податоци за девет новозаразени и две починати лица во ова подрачје, Меља додава дека бројка е навистина голема.

-Во последното деноноќие имаше девет новозаразени и две починати лица, на возраст од 43 и 86-годишна возраст, што за нашето подрачје е навистина висока бројка. Починатите се од општина Центар Жупа. Вкупната бројка на починати се зголеми на 10, од нив четири лица во првата и шест во втората фаза, вели Меља,кој е раководител на работната единица на Центарот за јавноздравје, која со својата активност ги покрива двете општини.

Додава дека деветте нови случаи се од 20 направени тестови, додека кај 11 резултат е негативен.

И понатаму заразените се од помладата популација, односно на возраст од 20 до 50 години, но најмногу од 20-35 години.

Од почетокот на пандемијата вкупната бројка на заразени изнесува 252 лица, а моментно активни на болеста се 85 од кои над десет се хоспитализирани во здравствени установи во Скопје.

За разлика од првата фаза кога од 51 заразен само двајца беа од општина Центар Жупа, а сите други од градот Дебар, сега опасниот вирус е проширен речиси во сите населени места во двете општини.

Back to top button
Close