Осум новозаболени од Ковид-19 во Крива Паланка во изминатите 24 часа

Крива Паланка во изминатите 24 часа бележи најголем број регистрирани заразени лица од Ковид-19 од почетокот на пандемијата, вкупно осум.

Од нив седуммина се од Општина Крива Паланка, а еден новодијагностициран случај е од Општина Ранковце.

Според информациите од ПЕ на хигиено-епидемиолошката служба на Центарот за јавно здравје Крива Паланка, овие лица се најголем процент на возраст од 21 до 40 години.

– Новозаболените лица се на различна возраст, имаме заболено тричлено семејство, брачен пар на возраст од 34 и 35 години и едно двегодишно момче, контакти на претходно потврден случај. Во новопотврдените случаи има и две машки лица на возраст од 21, 24 и 40 години, жена на четириесет годишна возраст и маж на 52 години, некои од нив со лесни симптоми, како изгубено чувство за мирис и вкус, а други со покачена телесна температура и останати симптоми. Едно од лицата е во Скопје, кадешто и му е дијагностициран Ковид-19 и таму ќе ја помине изолацијата. Апелирам до граѓаните да бидат дисциплинирани во почитување на мерките и препораките за заштита од Ковид-19 и да не се повтори повеќе ваквата бројка на нови случаи, рече одговорниот доктор- епидемиолог, Елена Крстевска Ивановска од ПЕ на ХЕС, Крива Паланка.

Според информациите од Институтот за јавно здравје, денес се бележи и еден случај на лице излекувано од Ковид-19, додека еден нов случај е потврден и во Кратово.

Од почетокот на пандемијата во Крива Паланка се регистрирани 45 случаи на заразени со Ковид-19,а во моментов активни се 16.

Back to top button
Close