(ВИДЕО) Филипче: Нема средба за техничката влада. Тоа е последната линија на одбрана од целосна злоупотреба на слободната волја на граѓаните

На денешната прес-конференција лидерот на СДСМ, Венко Филипче ја образложи одлуката дека не прифаќа лидерска средба.

-Нема средба за техничката влада. Тоа е последната линија ја одбрана од целосна злоупотреба на слободната волја на граѓаните за изборниот процес.

Јасно кажавме дека станува збор за прво извори а потоа мигранти за пари. Нека ВМРО и ЗНАМ сами ги распишат изборите, ние нема да бидеме покритие за тоа сценарио и легитимирање на овој маневар чија цел е избегнување на одговорноста. Причината за ваквото брзање е паника. Ја разоткривме позадината и со која тендернкоалцијата Дпмне-ЗНАМ владее. Ја откивме вистината за мигрантите, Алта банка, правосудниот систем – изјави тој.

Филипче потенцираше дека техничката влада може да се укине само кога ќе бидеме зрело општество а тоа сега не е случај.

-Не смее да се укине техничката влада која е единствена можност за фер и демократски избори. Не ја сакаат бидејки кога ќе влезе министер од опозициијата лесно се откриваат претходни криминали и злоупотреби – кажа лидерот на СДСМ.

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close