Се бира нов шеф на скопското Обвинителство – истекува мандатот на Гаврил Бубевски

Советот на јавни обвинители за идниот вторник, на 20 јануари закажа седница на која ќе се избира нов раководител на Основното јавно обвинителство Скопје.

Ова доаѓа откако во недела, на 18 јануари истекува мандатот на актуелниот шеф на Обвинителството, Гаврил Бубевски.

Бубевски, кој беше избран во 2022 година е кандидат за уште еден мандат на истата функцијата, а освен него, за шефовската позиција во ОЈО-Скопје ќе се борат и обвинителите Тања Трајчевска, Анел Фидоски, Дејан Петрески и Спасенка Андонова.

Back to top button
Close