Костадин Костадинов го одмрзнува членството во СДСМ


Поранешниот градоначалник на Струмица и член на СДСМ, Костадин Костадинов, денеска преку својот Фејсбук профил соопшти дека го „одмрзнува“ сопственото членство во партијата, по, како што наведе, „доволно поминато време и донесена лична одлука“.

Костадинов потенцира дека и понатаму стои зад сите ставови и позиции што претходно ги изнел по однос на прашања од јавен интерес, нагласувајќи дека ваквиот чекор не значи нивно менување или повлекување.

„Во овој момент не најавувам никаква форма на активен ангажман, туку стојам на располагање, со почит кон партијата, нејзините вредности и секој член поединечно“, наведе тој.

Во објавата, Костадинов порача и дека „единството бара подавање рака, држење до принципи и искрени разговори во име на секој еден социјалдемократ“.

Back to top button
Close