„Безбеден град“ да казнува и за фрлање ѓубре од возила: Доставена петиција со 1.000 потписи до Владата
Невладината организација „За почиста Македонија“ успешно собра 1.000 потписи и поднесе официјална петиција до Владата и МВР за унапредување на системот „Безбеден град“. Барањето е овој систем да се користи и за детекција и санкционирање на граѓаните кои фрлаат отпад од своите возила.

Од организацијата посочуваат дека технологијата за видео-надзор, која веќе е активна на улиците, треба да се искористи за подигнување на еколошката свест и казнување на несовесните возачи.
„Заедно сме погласни. Очекуваме да нè чујат и будно следиме за одговор“, истакнаа од „За почиста Македонија“ по доставувањето на петицијата.
Во текстот на петицијата се нагласува дека најголем проблем се отпушоците, кои се најчестиот вид отпад покрај патиштата.
„Еден отпушок содржи токсични материи како никотин, олово, арсен и стотици хемикалии што ја загадуваат почвата и водата. Потребни се и до 10 години за целосно да се разградат, а микро-пластичните влакна од филтерот завршуваат во земјата и реките“, се наведува во образложението






