(ВИДЕО) Фрчкоски: Суспендирани визи од САД – периметарот на Мицкоски ја доведе Македонија во ранг со Сомалија

Прес конференција на СДСМ, Јон Фрчкоски – член на Извршниот одбор

Периметарот на Мицкоски ја доведе Македонија во ранг со Сомалија.

Последната одлука на САД е Македонија да биде опфатена во суспендирање на обработката на визи заедно со уште 75 земји, меѓу кои Сомалија, Сирија, Гана, Руанда, Бутан, Нигерија, Иран, Русија…

 

Минатата година САД ги зголеми царините кон Македонија, сега од 21 јануари САД ќе биде суспендира и обработката на визи.СДСМ подолг период предупредува за штетата од погрешните политики на тендер коалицијата ВМРО-ЗНАМ загрозувајќи го стратешкото партнерство со САД и интеграцијата во ЕУ.

Најблизок соработник на Мицкоски во Владата е Иван Стоилковиќ, кој има отворени проруски ставови и директни врски со Москва.

Пред само неколку дена го видоме Стоилковиќ како слави заедно со ноќните волци блиски до Путин.

Паралелно со овие анти американски активности, Владата на Мицкоски води и анти-ЕУ кампања.

Се продуцираат намерни судири со Грција и Бугарија, се отвораат затворени прашањa, се измислуваат изговори, за да се оправда изолацијата и блокирание преговори.

Не се спроведуваат никакви реформи, владата води анти-ЕУ и анти-американска политика, ја води Македонија кон целосна изолација.

Паника е голема.

САД носат специјален Закон за Западен Балкан насочен директно кон борбата против криминалот и корупцијата и ова се само први чекори што ги гледаме.

Следуваат и црни листи, се најавуваат и можни санкции.

СДСМ ќе продолжи да ја разоткрива оваа агенда, бидејќи наши стратешки пријатели се САД а местото на Македонија е во НАТО и ЕУ

 https://www.youtube.com/watch?v=1nUkFWuamoA

Back to top button
Close